Апикотомија е хируршка процедура во која се отстранува врвот од коренот на забот што има инфекција, со цел да се зачува забот што подолго во усната празнина. Вообичаено инфекциите во и околу коренот на забот се решаваат со третман на коренскиот канал. Ова во основа значи дека вашиот стоматолог го чисти коренот на вашиот заб, осигурувајќи дека секоја плака, распаѓање и инфекција се отстранети така што забот и гингивата повторно можат да станат здрави.
Во апикотомијата, врвот од коренот на забот се отстранува заедно со инфицираното ткиво. Ова е обично потребно кога конвенционалната терапија на коренскиот канал не е успешна или воопшто не е советувано да се направи повторно лекување.
Хируршки третман вклучува мали засеци во мекото ткиво и отворање на мал прозорец преку коската за да се пристапи до коренот на забот и притоа се отстранува инфекцијата околу врвот на коренот на забот, како и врвот (само неколку милиметри). За да се заврши апикотомијата врвот на забот се полни и запечатува со посебен цемент со цел да се спречи повторување на инфекцијата. На крај раната се шие и конците се вадат после една недела. Времето потребно за завршување на третманот зависи од инфекцијата и бројот на корени што треба да бидат третирани.
По завршување на оперативниот зафат, следат пост-оперативни совети, рецепт за соодветна медикација и закажување на следен термин за контрола.
За дополнителни прашања слободно контактирајте не.