Skip to content

Коскена аугментација е хируршка интервенија при која се надоместува изгубената коска, со цел да се регенерира вертикалната или хоризонталната димензија на истата, така што се зголемува можноста за успешна имплантација.

Коската генерално има способност целосно да се регенерира. При коскена аугментација се зема коска (графт) од друго место и се додава во регијата што треба да се санира. Коскениот графт може да биде автологен (коска земена од сопственото тело на пациентот, ), алографт (кадаверична коска која обично се добива од коскена банка) или синтетски (често направен од хидроксиапатит или други природни и биокомпатибилни супстанции) со слични механички својства на коските. Повеќето коскени графтови се очекува да се ресорбираат и да се интегрираат во нова коска за неколку месеци.

После периодот на интеграција се вметнува имплантот или аугментацијата може да се направи во еден акт со имплантирањето, во зависност од количината на коска што треба да се графтира, како и од примарната стабилност на имплантот.

Во последно време се повеќе се користат синтетски заменици за коска како графт, за да се намали трауматизирање на пациентот.

Успешна коскена аугментација придонесува за поцврста коска која може да биде стабилна потпора за имплантот кој вооедно треба да носи и протетска реставрација на него.

Коскената аугментација се употребува и како дел од синус лифтинг процедурата.

Back To Top

Change Language To: English Македонски