Skip to content

Синус пластика е хируршка интервенција за затворање на ороантрална комуникација која е абнормална комуникација помеѓу максиларниот синус и оралната празнина. Може да биде резултат на разни патолошки процеси, инфекции, неоплазми, јатрогени фактори или траума. Често се случува да се отвори комуникација после екстракција на заби, особено на задни горни молари кои имаат долги корени и кои се во непосредна близина на подот на максиларниот синус.

Симптоми

Пациентот се жали на течност што се враќа од уста на нос кога пие, или чувство како воздух да му поминува низ алвеолата од која е изваден забот. Обично нема болни симптоми, ако не се разбие во секундарен синуситиз (воспаление на синусите).

Дијагнозата се поставува на основа на клиничко испитување и радиографска снимка.

Хируршки третман

Третманот бара итна интервенција од страна на орален хирург. Оперативниот зафат се прави со локална анестезија, а пристапот за операцијата е индивидуален и различен кај секој пациент.  Може да се пристапи со букален рез или од палатинално. Притоа треба убаво да се провери раната да не има заостанато некој сегмент од коренот на забот што се вадел и откако тоа ќе се санира, се прави пластика на мекото ткиво и се шие.

Антибиотиците и другите лекови се  препишуваат по потреба. Многу е важно пациентот да се придржува на пост-оперативните совети, за опоравувањето да биде полесно. Конците за вадат за 7-10 дена. Во меѓувреме пациентот може да се јави на контрола по потреба.

 

Back To Top

Change Language To: English Македонски