Умниците се третите и последни од групата на молари кои еруптираат кај повеќето луѓе во нивната касна адолесценција или во раните дваесетти години. Некогаш тие знаат да бидат од важна улога во устата кога се здрави и правилно поставени, меѓутоа често знаат да бидат импактирани (ретинирани) и да треба да се отсранат.
Импактираните умници често знаат да бидат целосно покриени со меко ткиво и коска или само парцијално да се еруптирани (полуимпактирани). Полуимпактираните умници се идеално место за собирање на бактерии околу забот кое подоцна преминува во инфекција која може да предизвика болка, отекување, тризмус и да ја афектира општата здраствена состојба на пациентот. Полуимпактираните умници исто така се повеќе изложени кон кариозни лезии и пародонтални заболувања затоа што нивната тешка пристапност и несоодветна позиција го отежнува четкањето на забите, чистењето со конец и воопшто одржувањето на орална хигиена.Импактираните заби може да предизвикаат збиеност на забите, може да го компромитираат веќе почнатиот ортодонтски третман, може да ги отшетат соседните заби, виличните коски, или нервите.
Хируршка екстракција
Хируршката екстракција или вадење на забот е оперативен зафат кој се изведува со локална анестезија. При тоа треба да направи инцизија или рез во мекото ткиво да се се пристапи до забот. Исто така треба да се отстрани и дел од коската што го покрива забот за да се пристапи правилно и да се отстрани забот. Не ретко, во зависност од позицијата во вилицата, умникот треба да се сепарира на повеќе сегменти за да се минимизира количината на коска што треба да се отстрани. Откако ќе се отстрани забот се шие мекото ткиво и се става газа преку раната да се контролира крварењето. По проценка на хирургот може да се аплицира и дрен.
По завршување на оперативниот зафат, следат пост-оперативни совети, рецепт за антибиотик и аналгетици и се закажува пациентот за следна контрола.
Во меѓувреме за било каква информација може да не контактирате во ординација.