Skip to content

Денталните импланти се титаниумски носачи (столбови) кои хируршки се всадуваат во виличната коска под ниво на меко ткиво во беззаба регија, што овозможува подоцна стоматологот да изработи коронки или мостови кои ќе ги надоместат изгубените заби.

Денталните импланти имаат голема улога во одржување на оралното здравје, бидејќи не се врзани со други заби, туку се директно всадени во виличната коска и обезбедуваат стабилна поддршка за артефицијалните заби.

Кај некои луѓе, каде нема услови за мостови и протези или од причина што не може да ги носат, се препорачува всадување на импланти заради нивни биолошко поврзување, како и полесна адаптација на пациентите.

Основата на модерните стоматолошки импланти е биолошки процес наречен остеоинтеграција, во кој материјали како титаниуим и цирконија формираат интимна врска со коските.

Добра орална хигиена и редовните стоматолошки посети се од клучно значење за долгорочниот успех при поставување на денталните импланти. Успехот или неуспехот на остеинтеграцијата на имплантите зависи од општата состојба на индивидуата која прима третман, лекови кои може да влијаат на шансите за остеоинтеграција, лошата орална хигиена која исто така може да го компромитира третманот.Планирањето на позицијата и бројот на импланти е од големо значење за долгорочното здравје на протетската изработка, бидејќи био-механичките сили создадени за време на џвакањето можат да бидат значителни.

Хируршко поставување на телото на имплантот

Постојат различни типови на имплант системи кои имплантолозите ги користат. Нашата ординација соработува со Straumann имплант системот, кој е пионер и глобален лидер моментално во стоматолошката имплантологија.

Постојат различни методи за поставување на забни импланти по екстракција на забите:

Непосредно поставување на имплант веднаш после екстракција на заб.

Одложено непосредно пост-екстракционо поставување на имплант (две недели до три месеци по екстракција).

Доцна имплантација (три месеци или повеќе по екстракција на заб).

Непосредно поставување на имплант во алвеолата од каде е екстрахиран забот е севкупна заедничка стратегија за зачувување на коската и намалување на времето на лекување. Од една страна, го скратува времето на третирање и може да ја подобри естетиката, бидејќи контурата на меките ткива е зачувана. Од друга страна, имплантите може да имаат мала стапка на неуспех, во првобитниот период на стабилноста во споредба со другите методи.

За имплантот да биде стабилен мора да се создаде врска помеѓу коската и површината на имплантот (да настане осеоинтеграција). Врз основа на овој биолошки процес, порано се сметаше дека интегрирањето на имплантот за време на периодот на осеоинтеграција би резултирало со движење кое би ја спречило осеинтеграцијата и со тоа би се зголемил степенот на неуспех на имплантот. Како резултат на тоа, периодот на осеоинтеграција трае три до шест месеци од интегрирањето (во зависност од различни фактори). Со Straumann имплантите времето на осеоинтеграција е намалено на еден до два месеци во зависност од видот на имплантот. После овој период  може  да се оптеретат  имплантите со протетска реставрација

За имплант да осеоинтегрира, треба да биде опкружен со здрава коска. За да преживее долгорочно, треба да има густа здрава коска како и здрави меки ткива околу. Не ретко е случај каде  или коските и/или меките ткива се толку дефицитарни што хирургот треба да ги реконструира пред или за време на поставувањето на имплантот.

Дополнителни хируршки интервенции :

Коскенa аугментација е една од дополнителните интервенции кои се неопходни кога има недостаток на коска. Иако се повеќе се усовршуваат методите и се појавуваат се  понови типови импланти, како што се кратки импланти и техники кои овозможуваат компромис, целта на општата терапија е да имаат минимум 10 mm во висина на коските и 6 mm во ширина.

За да се постигне соодветна ширина и висина на коската, се развиени разни техники на коскено пресадување. Најчесто употребувана метода се нарекува водена регенерација на коските, каде што дефектот е исполнет со природна коска или алографт (донаторска коска или синтетичка коскена замена), покриена со полупропустлива мембрана која дозволува биолошко  затворање на раната. За време на фазата на зараснување, природната коска го заменува графтот формирајќи нова коскена основа за имплантот.

Тоа може да се постигне со

  1. Синусен лифтинг,
  2. Хоризонтална зголемување на алвеолата (зголемување на ширината на локацијата) и/или
  3. Вертикална алвеоларна аугментација (зголемување на висината на локацијата).

Санација на меките ткива

Кога се заменува заб со имплант, многу е важно да има добра, здрава прикрепена гингива околу него, која не само што има удел во крвоснабдувањето туку и има заштитна улога, што придонесува за долгорочност на имплантот и протетската реставрација. Затоа санацијата или менаџмент на меките ткива е една од интервенциите кои треба да се направат пред или во истиот хируршки акт со имплантирањето.

Во случај кога има отсуство на меко ткиво, може да се пресоздаде со графт на истото, земен од друга локација во усната празнина или со алографт.

Најчестата компликација на меките ткива се нарекува црн триаголник, каде што папилата (малото триаголно ткиво меѓу два соседни заби) се намалува и остава триаголна празнина помеѓу имплантот и соседните заби. Затоа е многу важно да се менаџираат меките ткива особено во фронталните области, каде естетиката е препорачлива.

Обнова

По операцијата, ќе Ви дадеме постоперативни совети, рецепт за лекови за болка, антибиотици и се закажува следна контрола . Ако имате било какви прашања, Ве молиме не двоумете се да остварите повик во ординацијата. Протетската фаза започнува веднаш откако имплантот е добро интегриран (или има разумно уверување дека ќе се интегрира). Се поставува абатмент како врска со коронката, кој има задача да го пренесе џвакопритисокот и рамномерно да го распредели. Протетската фаза  бара исто техничка експертиза како и хируршката поради био-механичките причини и влијанија,  особено кога треба да се врзат повеќе заби/импланти/коронки во забниот низ.  Во оваа фаза се  работи на враќање на вертикалната димензија на оклузија, артикулација, естетиката на насмевката и структурниот интегритет на забите за рамномерно распоредување на силите на имплантите.

Straumann Tissue Level Implant

Straumann Bone Level Tapered Implant

Back To Top

Change Language To: English Македонски