Синус лифтинг е хируршка интервенција која при која се подигнува дното на максиларниот синус и се додава коска во горната вилица во регија на катниците и преткатниците. Тоа понекогаш се нарекува и синусна аугментација. Коската се додава помеѓу вилицата и максиларните синуси, кои се од двете страни на носот. За да се направи простор за коските, синусната мембрана треба да се помести (подигне) нагоре. Синус лифт се прави кога нема доволно висина на коските во горната вилица, или синусите се премногу близу до виличниот грбен, за да може да се добие поголема коскена база за да се пласираат импланти.
Многу луѓе кои ги загубиле забите во горната вилица – особено преткатниците или катниците, немаат доволно коска за да се постават импланти. Анатомски гледано, задниот дел на горната вилица има помалку коска од долната вилица.
Коскена загуба може да биде последица и на пародонтална болест.Загубата на забите доведува до ресорпција на коската. Ако забите се пред подолго време екстрахирани, често нема доволно коска за да се постават импланти.
Целта на синус лифтингот е да се пресади (графтира) екстра коска во максиларниот синус, како би се создала поголема количина на коска која би била примарна стабилност за импланти. Користениот материјал за графтот може да биде или автограф, алографт, ксенотрансфент, аллопласт (колагена матрица за инфузија на раст), синтетички варијанти или комбинации.
По синусниот лифт, треба да се почека неколку месеци за коскениот материјал да се интегрира со вилицата. Во зависност од употребениот материјал (графт) за пресадување, имплантите може да се постават после четири до девет месеци.
Во некои случаи, имплантот може да се вметне за време на истата процедура за подигање на синусот.