Skip to content

Хируршка екстракција на заби е интервенција при која е потребен хируршки пристап за целосно отстранување на забот. Дури и ако забот е видлив во устата, некогаш е неопходно да се изведе хируршка интервенција за да се отстрани. Тоа вклучува сепарирање на забот на два или повеќе сегменти, без разлика дали се прави инцизија на меко ткиво или не. Во хируршка екстракција на заби  се вбројува и хирушкото вадење на импактирани трети молари, но тоа не значи дека секој од третите молари треба хируршки да се отстрани или воопшто да се отстрани. Некогаш тие заби можат правилно да се постават во забниот низ.

Отстранување или екстракција на забот се препорачува кога забот е премногу оштетен од кариес или траума, или ако е инфициран, а пациентот не е кандидат за ендодонтско лечење на корените на забите. Исто така често се препорачува кога има збиеност при поставување за забите во едниот или двата забни лака, како би бил успешен ортодонтскиот третман за исправување на забите и нивно правилно поставување во забниот низ.

Хируршкото отстранување на забите се изведува со локална анестезија. Ако забот не е видлив или е делумно видлив во усната празнина, неопходно е внимателно да се пристапи до забот со инцизија или рез во мекото ткиво.Исто така може да треба да се отстрани и доволно коска околу забот како би се пристапило кон отстранување.Штом забот се извади, мекото ткиво се шие и се става газа над раната да се загриза, како би се контолирало крварењето.

Пост-оперативните совети се многу корисни доколку се почитуваат. Колку и да звучат едноставно советите за време на нивното кажување, секогаш има дополнителни прашања. Не двоумете се да поставувате прашања.

Back To Top

Change Language To: English Македонски