Skip to content

Канините уште се познати како кучешки заби или очњаци затоа што корените на горните заби се позиционирани веднаш под очите. Тие најчесто го имаат и најдолгиот корен од сите заби во усната празнина, а се и последните што целосно еруптираат и го заземаат своето место во забниот низ: често околу 13 годишна возраст.

Импактиран заб во суштина значи дека е блокиран, ретиниран, заглавен и во неможност целосно да еруптира и да функционира правилно. Горните канини се втори по зачестеност импактирани заби, веднаш после умниците (трети молари). Умниците немаат  важна улога и функција во устата и затоа често се отстануваат, но канините имаат голема улога во оклузија и артикулација и затоа е од клучно значење да се третираат соодветно.

Постојат повеќе причини кои доведуваат до појава на импактирани канини: ако има прекубројни заби, може да се наруши природната ерупција на канините. Еруптивниот процес може да биде блокиран од прекуброен заб или збиеност која последователно не остава простор за канините во забниот лак. Во некои случаи слабото усогласување на предните заби може да доведе до збиеност. Веќе еруптираните заби се натпреваруваат за место во забниот лак, што значи дека кога ќе дојде време за ерупција на канините, за нив нема доволно простор за поставување. Во ретки случаи и невообичаен раст на мекото ткиво може да го ограничи развојот на канините, што доведува до нивна импакција.

Важно за стоматологот е да ја документира состојбата и бројката на забите кога пациентот е на возраст околу 7 години, со цел да се евидентира присуство или отсуство на канините. Колку е постар пациентот толку е помала веројатноста дека импактираниот заб ќе никне природно. Ако канините недостасуваат или каснат со ерупција, стоматологот треба да препорача соодветен третман.

Третман

Најчест третман за импактирани канини е комбинирана хируршко-ортодонтска терапија, што вклучува терапија со орален хирург и ортодонт. Терапијата всушност се состои од хируршко изложување на забот заради поставување на ортодонтско помагало за да се употребат ортодонтски сили за поместување на забот. Ортодонтското помагало може да помогне да се направи простор и да се намести правилно забот во забниот низ.

Во случај на збиенот од било која причина се препорачува вадење на забот. Во двата случаи се работи во локална анестезија, со внимателна експозиција на забот.Во случај на отсранување, тогаш може да треба да се отстрани и доволно коска за да има пристап за вадење. Штом забот е надвор, мекото ткиво се шие.

Антибиотици или друга медикација се препишува индивидуално во зависност од пациентот и третманот. Пост-оперативните совети се многу благородни за побрзо зараснување на раната.

Back To Top

Change Language To: English Македонски