Skip to content

Трауматските повреди се однесуваат на повреди на забите и/или пародонтот како и околните меки ткива како усните, јазикот итн.Таквите повреди можат да бидат резултат на спортски несреќи, сообраќајни незгоди или лоши падови. Трауматските повреди можат да бидат тежок предизвик како за пациентите, така и за нивните доктори. Со соодветен третман, некогаш и тоа што на прв поглед изгледа како безнадежна дијагноза, може да даде многу задоволителен исход за пациентите.

Третманот на трауматските повреди зависи од типот, локализацијата тежината на секоја повреда. Ваквите повреди често се подложени на детални клинички испитувања од повеќе специјалности (стоматолог,орален хирург, ендодонт, ортодонт) и најчесто се третираат со комбиниран третман од повеќе доктори. Временскиот период на третманот исто така зависи од типот на повредата. За пациентите е важно да дејствуваат најбрзо што може, за третманот да даде задоволувачки резултат.

Back To Top

Change Language To: English Македонски